SportM
Фудбал

Во Англија од октомври со навивачи на стадионите!

Д М17 јул 2020
Во Англија од октомври со навивачи на стадионите!

Љубителите на фудбалот ќе се вратат на трибините низ Англија, потврди премиерот Борис Џонсон.

По три месеци и пауза поради пандемијата на коронавирус, сезоната во Премиерлигата продолжи, но без публика, со цел да се спречи ширењето на опасниот вирус.

Сепак, британскиот премиер најавува дека на обожавателите ќе им биде дозволено да доаѓаат на спортски настани од октомври.

„Од октомври планираме публиката да ја вратиме на спортски настани. Дозволете ми уште еднаш да напоменам дека овие промени мора да бидат направени на безбеден начин за да се спречи ширењето на ковид-19 и тоа ќе зависи од успехот на пробите со помалите спортски настани“, рече Џонсон.

Од средината на март годинава немаше гледачи на стадионите во Англија, како и на другите големи европски турнири.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.