SportM
Фудбал

Во Барселона се врати повреден, а вчера го направи она што никој не го очекуваше

Д М30 сеп 2022
Во Барселона се врати повреден, а вчера го направи она што никој не го очекуваше

Чави Ернандез се најде во огромни проблеми поради репрезентативната пауза.

Барселона остана без неколку важни играчи бидејќи по репрезентативните обврски повредени се вратија Роналд Араухо, Мемфис Депај и Жил Кунде, а на полесна повреда се пожали и Усман Дембеле.

Веќе е познато дека Араухо ќе биде надвор од терените најмалку два месеци по операцијата, додека Депај, пак, ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Исто така, првите информации велеа дека Кунде ќе одмора еден месец, а на теренот ќе се врати на крајот на октомври, што значеше дека и тој како Араухо и Депај сигурно ќе ги пропушти дербито против Реал Мадрид и Интер.

Кунде дојде во Барса како големо засилување од Севиља и одигра неколку одлични натпревари и покажа дека каталонскиот клуб конечно доби одличен одбранбен играч.

Неговата повреда можеби најмногу го потресе Чави, но сите останаа без зборови вчера кога Французинот се појави во тренинг центарот на Барселона.

Шпанските медиуми објавија фотографија од Кунде како тренира со тимот на Барселона, а никој не разбра што се случува.

Сепак, набргу потоа дојде објаснувањето дека закрепнувањето на Кунде оди побрзо отколку што некој очекуваше и дека наскоро би можел да се врати на терените.

Францускиот репрезентативец дел од тренинзите одработи со остатокот од тимот, а потоа по посебен план и програма тренираше со кондиционерите.

Мундо Депортиво пишува дека Кунде сака што побрзо да се врати на теренот и дека целта му е да биде подготвен за Ел Класико

Имено, првата пресметка оваа сезона помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 16 октомври со почеток во 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“, а за Чави сигурно е фантастична вест дека Кунде најверојатно ќе биде подготвен.

Од друга страна, сигурно е дека Депај и Араухо нема да бидат во конкуренција за тој меч. Што се однесува до Дембеле, повредата не е сериозна и тој веќе треба да настапи утре на гостувањето кај Мајорка.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.