SportM
Фудбал

Во чест на Коби Брајант: Ериксен ги воодушеви сите со изборот на број во Интер

Д М28 јан 2020
Во чест на Коби Брајант: Ериксен ги воодушеви сите со изборот на број во Интер

Интер денес официјално потврди дека Кристијан Ериксен е ново засилување за клубот.

Ериксен пристигна во Интер од Тотенхем за 20 милиони евра и потпиша договор до летото 2024 година. Денес тој веднаш се најде во центарот на вниманието поради неговиот избор на број.

Поточно, Ериксен го облече дресот со број 24, а навивачите на Интер веруваат дека тој го сторил тоа во чест на Коби Брајант, кој трагично загина во неделата во хеликоптерска несреќа.

Сепак, данскиот играч и Интер сè уште не ги потврдија или негираа овие шпекулации.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.