Connect with us

Фудбал

Во Ливерпул ја слават победата на Баерн, а во Барселона жалат

Фудбалерите на Баерн вечерва го совладаа ПСЖ со минимални 1:0 во финалето на ЛШ.

Со оваа победа Баерн ја освои титулата во Лигата на шампионите по шести пат во својата историја, исто колку и Ливерпул. Само Милан и Реал Мадрид се поуспешни од нив.

На победата на Баерн исто така се радуваат и во Ливерпул, додека тагуваат во Барселона. Причината за ова е Филипе Кутињо, кој игра на позајмица во германски клуб оваа сезона и успеа да стане европски шампион.

Имено, заради тоа, Барселона ќе мора да плати пет милиони евра на сметката на „црвените“ поради клаузулата во договорот на Бразилецот. Баерн ги сноси трошоците за својата плата, додека клаузулите во договорот ги сноси само Барселона.

loading...

Така, играчот за кој беа исплатени 160 милиони евра ја освои титулата на позајмица во друг клуб, а Барселона треба да плати дополнителни пет милиони евра на Ливерпул. Навистина нереално.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com