SportM
Фудбал

Во Мадрид беше официјализиран трансфер за „ситно“

Д М8 јул 2022
Во Мадрид беше официјализиран трансфер за „ситно“

Атлетико Мадрид конечно ги договори сите детали околу трансферот на бразилскиот фудбалер Самуел Лин.

Споменатиот фудбалер и официјално е член на Јорганџи со кој потпиша договор до 30.06.2027 година.

Тој доаѓа од редовите на Жил Висенте, каде одигра одлични партии, кои не останаа незабележани од челниците на тимот од Мадрид.

За Жил Висенте одигра 99 натпревари и постигна 26 гола.

Кариерата ја започна во бразилски Сао Бернардо, а играше и за Фламенго пред да дојде во Европа.

Има 22 години, може да ги покрие сите позиции во нападот, па Атлетико доби добар напаѓач за солидна цифра, бидејќи на Жил Висенте му платија 6,5 милиони за услугите на Лин.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.