Во Манчестер Сити изгледа се срамат што Менди е нивни член, и сега го докажаа тоа

Францускиот фудбалер Бенџамин Менди е во затвор откако беше обвинет за силување.
Фудбалерот на Манчестер Сити се соочи со обвиненија за силување на четири девојки, а три силувања наводно се случиле во октомври минатата година, додека четвртото наводно се случило минатиот месец.
Менди ги отфрли сите обвинувања за силување и рече дека е невин, но судот одлучи тој да остане во затвор додека не започне судењето.
Судењето треба да започне на 24 јануари 2022 година, што значи дека Менди дотогаш ќе биде зад решетки, а неговите адвокати работат со полна пареа за да го ослободат својот клиент.
Откако Менди беше уапсен, Манчестер Сити одлучи да го суспендира овој фудбалер до дополнително известување, а се очекува во наредниот период да го раскинат договорот со него.
Дека Сити повеќе не смета на Менди најдобро покажува фактот дека Сити ги отстрани сите можни информации за овој играч на својата официјална веб -страница.
Исто така, во фан шопот на клубот од „Етихад“ повеќе не можете да го купите дресот на Менди и јасно е дека тој веќе е отпишан во Манчестер Сити.



