SportM
Фудбал

Во Наполи бесни поради предупредувањето на Ливерпул до навивачите: „Ако дојдете, бидете свесни…“

Д М7 сеп 2022
Во Наполи бесни поради предупредувањето на Ливерпул до навивачите: „Ако дојдете, бидете свесни…“

Во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите вечерва ќе играат Наполи и Ливерпул.

Оваа сезона Лигата на шампионите започнува нешто порано од вообичаено поради фактот што Светското првенство на крајот на годината се игра во Катар.

Во првото коло нè очекуваат неколку фантастични натпревари, а јасно е зошто ова е најелитното клупско натпреварување во светот.

Интересен натпревар вечерва од 21:00 часот се игра во Неапол каде на стадионот Диего Армандо Марадона ќе се сретнат Наполи и Ливерпул.

Јасно е дека Ливерпул ја има улогата на фаворит на овој натпревар, но исто така сигурно е дека Наполи ќе се обиде да направи изненадување и да ја искористи предноста на домашниот терен за на најдобар начин да ја отвори новата сезона од Лигата на шампионите.

Сепак, пред вечерашниот натпревар во центарот на вниманието беше пораката на Ливерпул од која ги советуваа своите навивачи како да се однесуваат во Неапол.

Ливерпул ги советуваше навивачите да се движат во групи низ градот и да избегнуваат места покрај пристаништето во Неапол, и темни и пусти улици, за да не бидат мета на разбојници и криминалци во овој град.

„Навивачите не треба да се собираат во градот освен ако има потреба. Треба да избегнуваат да шетаат сами во просторот што не е блиску до стадионот и улиците што изгледаат темно и пусто. Силно препорачуваме да го избегнувате самиот центар на градот. Доколку решивте да дојдете во Неапол, бидете свесни дека може да бидете цел на грабеж или напад“, велат од Ливерпул.

Оваа објава на „црвените“ привлече големо внимание кај италијанската јавност, особено кај медиумите од Неапол, кои сметаат дека е срамно и скандалозно да се објави нешто такво за овој град од југот на Италија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.