Во Охрид доаѓа грчки Олимпијакос, салата распродадена до последното место!
Редакција3 апр 2026

Ракометарите на ГРК Охрид во полна сала в сабота ќе го пречекаат грчки Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп.
Македонскиот ракометен прволигаш објави вечерва дека сите билети за реваншот против Олимпијакос во салата „Билјанини извори“ се продадени.
На првиот натпревар одигран минатата недела во Атина, ракометарите на ГРК Охрид извојуваа победа од 31-25 и се на чекор до пласман во полуфиналето.
Утрешниот реванш е закажан со почеток во 18 часот
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



