SportM
Фудбал

Во последните седум дена над 30 заразени фудбалери во 12 различни земји

Д М17 ное 2020
Во последните седум дена над 30 заразени фудбалери во 12 различни земји

Многу фудбалери се заразени со коронавирус. Во последните неколку дена, додека траат репрезентативните активности, над 30 играчи од 12 различни земји беа позитивни на опасниот вирус.

Луис Суарез е само еден во низата играчи кои се позитивни на коронавирус, а позитивен е и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. Затоа, тој ќе ги пропуштат преостанатите натпревари на Уругвај и Египет, но и натпреварите со клубовите.

Понатаму, 10 играчи од репрезентацијата на Украина имаат коронавирус и затоа мечот Швајцарија – Украина, кој требаше да се игра вечерва во Луцерн, е одложен.

Јужна Кореја објави дека четири нејзини членови се позитивни на коронавирус.

Селекторите на некои земји се исто така позитивни. Швеѓанецот Јане Андерсон, како и Италијанецот Роберто Манчини и селекторот на Унгарија, Марко Роси.

Прегледот на ВГ покажува дека најмалку 30 играчи од 12 различни репрезентации кои престојуваат во Европа и Јужна Америка биле дијагностицирани со инфекција во последните седум дена, а најновите тестови само го зголемуваат тој број.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.