Connect with us

Фудбал

Во Премиер лигата заигра 15-годишен талент, мораше да игра во посебен дрес, еве зошто!

Премиершип синоќа влезе во нова ера бидејќи Џереми Монга играше на еден натпревар од највисоката англиска лига на само 15 години и 271 ден по неговото раѓање.

Имено, Монга дебитираше за првиот тим на Лестер во дуел со Њукасл, а бидејќи уште нема 16 години немаше дозвола да го користи класичниот дрес на „Лисиците“, кој има и спонзори. Поради ова на момчето му беше направен специјален дрес, без реклами, а во него играше во синоќешниот пораз од Њукасл (0:3). И покрај лошиот резултат, тој сигурно засекогаш ќе го памети своето деби.

Инаку, Лестер го претрпе 12-от пораз на 14 одиграни натпревари годинава. Тоа е првиот клуб во историјата на англискиот шампионат кој има осум последователни порази на домашен терен без ниту еден постигнат гол. По синоќешниот пораз од „страчките“, тие се претпоследниот тим на табелата во Премиершип со 17 бодови од 31 натпреварувачки настап.