Connect with us

Фудбал

Во тек се тајни преговори и се чини дека Баерн најде замена за Левндовски за само 20 милиони евра

Заминувањето на Роберт Левандовски е се поизвесно и Баерн почна да работи на негова замена.

По последниот натпревар од сезоната, кој Баерн го одигра во саботата во Волфсбург, Левандовски откри дека разговарал со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и му рекол дека е решен да замине и не сака да потпише нов договор.

Ќе потсетиме дека Полјакот има договор до летото 2023 година, па сега прашање е дали Баерн ќе ризикува и ќе го задржи една сезона, па ќе загуби бесплатно или ќе слуша понуди за својот најдобар стрелец ова лето, кој наводно е решен да го облече дресот, Барселона.

Според германски „Билд“, Баерн сфатил дека летово ќе мора да најде нов напаѓач, а се наведува дека биле одржани „тајни средби“ со претставници на напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ.

24-годишниот австриски репрезентативец важи за наследник на Левандовски, иако опција е и Себастијан Халер од Ајакс.

Австриецот има договор со Штутгарт до 2023 година, исто колку што важи договорот на Левандовски со Баварците. Со оглед на овој факт, трансферот на Калајџиќ од Баерн не би требало да биде проблем бидејќи Штутгарт ќе биде подготвен да го пушти за околу 20 милиони евра.

Самиот Саша сака да направи исчекор во кариерата, а заминувањето во Баерн за него би било како да се оствари сонот на момчето.

Од друга страна, Баерн би можел да го продаде Левандовски за околу 35 милиони евра, со што без проблем би го „покриле“ доаѓањето на Калајџиќ, но прашање е само дали австрискиот репрезентативец може да ги исполни сите очекувања и да успее да го надомести заминувањето на Левандовски.