Волфсбург ја пропушти можноста да го „прескокне“ Баерн

Во последниот неделен натпревар од петтото коло во Бундеслигата, Волфсбург и Ајнтрахт одиграа нерешено. Натпреварот заврши 1:1.
Тимот од Франкфурт беше првиот кој постигна гол. Стрелец беше Холанѓанецот Сем Ламерс, а асистенцијата ја запиша Филип Костиќ.
Die zweiten 45 Minuten laufen. Auf geht's Jungs!#WOBSGE 0:1 pic.twitter.com/ZIxPYQf9qy
— VfL Wolfsburg (@VfL_Wolfsburg) September 19, 2021
Ајнтрахт се спротистави и ја задржа предноста до 70. минута, кога Воут Вегорст погоди за израмнување.
Имаа домашниот тим и повеќе од двојно повеќе можности, се обидоа 15 пати, а шест од нив беа во рамките на голот, но одличен меѓу стативите на гостите беше Трап, кој постигна пет одбрани и со тоа му заштеди бод на својот тим во ова дуел.
Волфсбург сеуште нема пораз и е прв следбеник на Баерн на табелата со ист број бодови (13) како и тимот од Минхен, но со послаба гол разлика.
Ајнтрахт се уште не знае за победа оваа сезона, но постигна четири нерешени резултати и сега има четири бода на 15 -то место.



