SportM
Фудбал

Враќање – Челзи има нов тренер за викенд!

Д М5 апр 2023
Враќање – Челзи има нов тренер за викенд!

Фудбалскиот клуб Челзи работи на враќање на Френк Лампард на клупата на првиот тим, пренесува „Атлетик“ и ги потврдува утринските навестувања .

Славниот играч за врска на Челзи е без работа од 23 јануари кога доби отказ од Евертон поради слабите резултати и сега е забележан како идеално решение за клубот од „Стемфорд Бриџ“, барем до крајот на сезоната!

Тој треба да биде промовиран во привремен менаџер додека раководството се занимава со Јулијан Нагелсман, Луис Енрике, но можеби и некои други имиња во зависност од одговорите што ќе ги добијат.

Лампард би можел веднаш да го преземе Челзи и планот е да го предводи овој тим веќе против Вулверхемптон во сабота.

Поранешниот капитен го презеде Челзи во 2019 година по заминувањето на Маурицио Сари пред да добие отказ во јануари 2021 година.

Лампард вчера присуствуваше на натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул на Стемфорд Бриџ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.