SportM
Фудбал

Време е за нови генерации: Асенсио танцуваше со топката пред очите на Меси (ВИДЕО)

Д М24 окт 2020
Време е за нови генерации: Асенсио танцуваше со топката пред очите на Меси (ВИДЕО)

Времето и годините го прават своето, па полека, но сигурно некои нови генерации ја преземаат фудбалската сцена.

Лионел Меси, заедно со Кристијано Роналдо, се најдобри на светот повеќе од една деценија, но одличниот Аргентинец не е на нивото како што беше пред неколку години.

Дека се приближува промената на генерациите, покажа и денешната сцена за време на „Ел Класико“ кога Марко Асенсио „танцуваше со топка“ пред очите на Меси.

Фудбалерот на Реал Мадрид рутински се ослободи од Педри кога Меси му се приближи, но Шпанецот не се плашеше од капитенот на Барселона.

Асенсио „се сврте“ на топката со двете нозе, играше за соиграч без никакви проблеми, а Меси само гледаше што се случува.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.