Втор пораз на Вардар по ред, овој пат подобра Струга, Бабунски промаши пенал

Првакот Вардар втор натпревар во низа е поразен откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга ТЛ со 1:0 во дербито на третото коло. Вардар имаше шанса да остане непоразен во дербито, но во судиското надополнување на вториот дел Давид Бабунски (90+5 минута) не реализираше пенал (го промаши голот).
Единствениот гол на дуелот го постигна Христијан Малески во 61.минута. По голот стружани не реализираа уште неколку шанси за зголемување на водството, но и голманот на Вардар Давор Талески имаше неколку успешни интервенции.
Во последниот дуел од третото коло од 19 часот играат Шкендија Тетово и Брегалница.
На претходно одиграните дуели од ова коло: Силекс – Скопје 3:0, Тиквеш – Шкендија Арачиново 0:1 и Арсими – Башкими 1:0.
По некомплетното коло Силекс и Струга ТЛ се на првите две позиции со по 7 бодови.



