SportM
Фудбал

Вулверхемптон носи големо засилување од Јувентус?

Д М22 сеп 2020
Вулверхемптон носи големо засилување од Јувентус?

Волверхемптон донесе неколку одлични засилувања во изминатите неколку сезони и се чини дека сакаат да го продолжат тој тренд.

Волците беа најпријатното изненадување во Премиер лигата минатата сезона и воодушевија со своите игри. Клубот знаеше како да заработи од добрите игри на своите играчи бидејќи пред неколку дена го продадоа Диого Јота на Ливерпул за скоро 45 милиони евра.

Сепак, овој клуб сега сака да донесе соодветна замена за него затоа што имаат за цел да бидат на врвот на Премиер лигата и следната сезона. Медиумите во Италија пишуваат дека Вулверхемптон може да донесе големо засилување од Јувентус.

Имено, Тутоспорт објави дека Даглас Коста е мета на Волците, тој ја нема минутажата што ја посакува во Старата дама. Не е невозможно Коста да потпише за Вулверхемптон, што навистина би било огромно засилување за овој клуб.

Наводно, неговиот агент Хорхе Мендеш исто така сака да се случи овој трансфер и го убедува Бразилецот да ја прифати понудата. Доколку се случи тоа, Јувентус може да заработи околу 25 милиони евра.

Коста пристигна во Јувентус пред две години од Баерн за 40 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.