SportM
Фудбал

За 400 милиони евра, Серхио Рамос со други инвеститори сака да ја купи Севиља

Редакција26 јан 2026
За 400 милиони евра, Серхио Рамос со други инвеститори сака да ја купи Севиља

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос, и група инвеститори што тој ги предводи, се согласија да ја купат Севилја.

Според „Карусел Депортиво“, договорот е вреден приближно 400 милиони евра. Триесет и деветгодишниот Шпанец ќе стане претседател на клубот од каде што доаѓа.

Рамос играше за сениорскиот тим на Севилја од 2004 до 2005 година и во сезоната 2023/24. Тој играше и за Реал Мадрид, ПСЖ и Монтереј. Фудбалерот е слободен агент од декември минатата година.

По 21 натпревар од оваа сезона во Ла Лига, Севилја е на 10. место на табелата со 24 бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.