SportM
Фудбал

За Касано, Роналдо не е ниту меѓу петте најдобри на сите времиња, а потоа наведе кој е подобар од Португалецот

Д М19 окт 2021
За Касано, Роналдо не е ниту меѓу петте најдобри на сите времиња, а потоа наведе кој е подобар од Португалецот

Антонио Касано повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста по коментарите за Кристијано Роналдо.

Пред неколку дена, агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш излезе и рече дека Португалецот мора да ја освои Златната топка следниот месец бидејќи докажа дека е најдобриот играч на сите времиња.

Сепак, многумина навистина не се согласуваат со таквото мислење, а првиот што јавно го кажа беше поранешниот италијански напаѓач Касано.

Касано разговараше со Кристијан Виери на каналот БобоТВ на Твич и уште еднаш ја разбранува јавноста со своите изјави.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид изјави дека за него Кристијано Роналдо не е ниту меѓу петте најдобри играчи на сите времиња.

“Се разбира, најдоброто во историјата веднаш по Наполеон Бонапарта. Доста е, Хорхе. Роналдо не е ниту меѓу првите пет. Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Бразилецот Роналдо се на сосема различно ниво”, изјави Касано.

Виери се согласи со него, велејќи дека тој само ќе го отстрани Кројф од оваа листа, и наместо тоа ќе го додаде Ван Бастен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.