SportM
Фудбал

За Клоп нема дилеми: Тоа беше најлошиот натпревар откако сум во Ливерпул

Д М13 сеп 2022
За Клоп нема дилеми: Тоа беше најлошиот натпревар откако сум во Ливерпул

Имаше различни порази, но неодамнешниот во Лигата на шампионите беше најтежок за Јирген Клоп откако е тренер на Ливерпул.

 

Минатата среда Ливерпул беше декласиран со 4:1 на гостувањето кај Наполи и Клоп смета дека тоа е најлошиот натпревар на неговиот тим.

 

„Имавме состанок со играчите. Го гледав натпреварот неколку пати и тоа беше вистинско хорор шоу, да бидам искрен. Момците го знаеја тоа, но кога го видов повторно, сфатив: тоа беше најлошиот натпревар на нас, што го игравме уште од кога сум тука“, изјави Германецот (55).

Ливерпул на полувремето губеше со 3:0, а конечните 4:1 беа најтешкиот пораз на клубот во историјата на Лигата на шампионите.

 

„Сите се сеќаваат на Астон Вила (Ливерпул загуби со 2:7 во 2020 година) и неколку други натпревари на кои едноставно не бевме на ниво. Но, барем имаше знаци за тоа. Немаше што да се види на овој натпревар. Мораме да разберете зошто тоа се случи. Мислам дека осум (играчи) од почетните 11 беа апсолутно под нивното ниво, а другите тројца не беа на своето највисоко ниво!“, заклучи Клоп.

 

Клоп смета дека е потребно неколку пати да се анализира споменатиот дуел со Наполи и дури потоа да се пренесат последните пораки до играчите.

Ливерпул е далеку од својата најдобра форма, почетокот на сезоната не е ни блиску до она што сите го очекуваа, но никогаш не е доцна да се сменат работите.

 

Сепак, Ливерпул имаше неколку блескави моменти оваа сезона, особено рекордната победа од 9:0 против Бурнмаут на „Енфилд“.

 

Поради смртта на кралицата Елизабета, откажани се натпреварите во Англија, па малку одморен Ливерпул утре ќе му гостува на Ајакс во меч од 21 часот.

 

Ајакс, за разлика од Ливерпул, во првото коло го декласираше Ренџерс со 4:0 и е на врвот на табелата во групата А со Наполи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.