За Морено нема место на „Енфилд“, понуден на поранешниот клуб

Алберто Морено, шпанскиот лев бек, одамна е надвор од плановите на Јирген Клоп, а извесно време се шпекулира за неговиот трансфер.
Иако дури како негови потенцијални дестинации беа споменати дури и Барселона и Арсенал, многу пореалистична опција е онаа што сега е напишана од страна на шпанската „Марка“.
Наводно, Ливерпул, Алберто Морено го понуди на неговиот поранешен клуб, Севиља, 26-годишниот Шпанец, може многу брзо да го напушти Енфилд, откако неговиот договор со „Црвените“ важи до крајот на оваа сезона.
Ливерпул од неговата продажба во јануари ќе заработи колку-толку, иако не е јасно колку може да чини трансферот на Морено.
Алберто Морено пристигна во Ливерпул од Севиља во 2014 година за нешто повеќе од 18 милиони евра.
Оваа сезона, тој запиша три настапи за Ливерпул, по еден во Премиер Лигата, Лигата на шампионите и во Купот на Карабао.



