SportM
Фудбал

За Пјаниќ ова е прва, но и последна сезона во Барселона?

Д М11 фев 2021
За Пјаниќ ова е прва, но и последна сезона во Барселона?

Миралем Пјаниќ пристигна во Барселона минатото лето.

Играчот за врска беше дел од размената што каталонскиот клуб ја направи со Јувентус. Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“, а бразилскиот фудбалер Артур Мело замина во Торино.

Сепак, Пјаниќ нема премногу простор за игра со Роналд Куман. Тој беше одличен во Јувентус, но не се снајде најдобро во редовите на каталонскиот великан и има улога на резерва кај холандскиот стручњак.

Многу е можно оваа сезона да биде прва и последна за Пјаниќ во Барселона. Факт е дека Каталонците се во тешка финансиска состојба и дека ќе мора да се ослободат од одредени фудбалери.

Пјаниќ би можел да биде меѓу нив. Шпанските медиуми пишуваат дека 30-годишниот фудбалер е на списокот со шест фудбалери кои ќе бидат на трансфер листата, а покрај него се наоѓаат и дефанзивците Самуел Умтити, Климент Ленглет и Фирпо и офанзивните играчи Мартин Брајтвајт и Филип Кутињо.

Долговите на Барселона надминаа една милијарда евра. Клубот едноставно ќе мора да се ослободи од одредени договори што ги имаат, а оние договори како на Пјаниќ се доста високи.

Пјаниќ во Барселона заработува нешто повеќе од осум милиони евра годишно и сигурно ќе биде многу интересно да се види дали каталонскиот великан ќе се ослободи од фудбалерот по само една сезона.

Пјаниќ оваа сезона настапи на 23 натпревари во сите натпреварувања и немаше ефект.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.