SportM
Фудбал

Заборавениот Александре Пато си најде нов клуб

Д М13 фев 2021
Заборавениот Александре Пато си најде нов клуб

Бразилскиот напаѓач Александре Пато е пред потпис за нов клуб.

Кога пристигна во Милано пред околу 15 години, тој беше еден од најголемите светски таленти, а сега веќе неколку месеци неуспешно се обидува да најде нов клуб.

Според извештаите на ЕСПН, Пато ќе ја продолжи кариерата во МЛС, бидејќи е близу до потпис за Орландо Сити.

Бразилецот ќе потпише едногодишен договор со тимот од Флорида со опција за продолжување на уште една сезона.

А, Орландо го најави своето доаѓање со низа мистериозни објави на социјалните мрежи.

Последниот ангажман Пато го имаше во Сао Паоло, а од август е на слобода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.