Загуба од над 600 милиони евра доколку Ла Лига не ја заврши сезоната

Хаумес Рурес, главен извршен директор на Медијапро, откри дека доколку оваа сезона во Ла Лига не биде комплетирана, тогаш финансиските загуби ќе бидат повеќе од 600 милиони евра.
Шпанската елитна лига е прекината за најмалку две кола како мерка на претпазливост против ширењето на пандемијата на коронавирус.
„Тешко е да се процени реалното ниво на штета што ќе биде предизвикана“, рече Рурес за Каталонското радио.
„Ако шпанската лига не заврши оваа сезона, тогаш ќе бидат загубени повеќе од 600 милиони евра, околу 550 милиони евра за телевизиски права и 150 милиони евра за продажба на билети и сезонски билети“, додаде тој.
„Сè е одложено и никој не знае дали натпреварите ќе се играат по три недели. Непредвидливо е. Никој не знае што ќе се случи за месец и половина. Вистинската штета е веќе огромна“, рече тој.
Шпанската влада во саботата прогласи црвена зона низ државата за да се обиде да го запре брзото ширење на коронавирусот.



