Connect with us

Фудбал

Залудни беа жалбите на француските клубови: Судот пресуди во корист на Лига 1

Објавено:

Фудбалот во Франција беше запрен пред крајот на сезоната и беа прогласени шампиони, а табелите кои беа во моментот на прекин на натпреварувањето беа усвоени како конечен пласман.

Така, ПСЖ повторно беше крунисан за шампион, а исто така беше решено дека Амиенс и Тулуз, екипите кои беа на дното на табелата, ќе испаднат од лигата.

Веднаш по крајот на лигата, клубовите решија да ја тужат Лига 1 за ваква одлука, а на нив и се придружи и Лион, кој беше за продолжување на сезоната. Сите бараа да се поништи решението за испаѓање и првенството да се прошири на 22 екипи.

Сепак, францускиот суд ја отфрли нивната жалба и Амиенс и Тулуз ќе бидат во Лига 2, од каде, сепак, нема да има испаѓање и во втората лига конкуренција ќе брои 22 екипи од следната сезона.

„ЛФП сака да ве извести дека жалбите на Лион, Амиенс и Тулуз биле одбиени од судот во Париз. Судот посочи дека решенијата донесени од раководството на лигата на 30 април остануваат, а жалбата може да биде поднесена само во државниот суд“.

Потсетиме, ЛФП одлучи да ја заврши сезоната на 10 кола пред крајот. ПСЖ ја освои титулата, Марсеј и Рен ќе одат во Лигата на шампионите, а Амиенс и Тулуз ќе бидат елиминирани.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама