Заминува уште еден познат член на Барселона

Легендарниот тим на Барселона кој со години доминира во светот на фудбалот повеќе не е заедно.
Во претходните сезони вистинските ѕвезди заминуваа една по друга, а во клубот од славната генерација останаа Жерар Пике и Серхио Бускетс.
Се очекува и ова дуо наскоро да го напушти клубот. Пике наводно размислува да стави крај на кариерата, а капитенот Серхио Бускетс е на излезната врата од клубот.
View this post on Instagram
Искусниот 33-годишен играч за врска најверојатно ги игра последните натпревари во дресот на саканиот тим, а негова нова дестинација ќе биде американската МЛС.
Бускетс доби неколку понуди од оваа лига. Меѓу нив е и понудата на Интер од Мајами, предводен од Дејвид Бекам, а овој тим е најверојатната опција за новиот клуб на шпанскиот фудбалер.
Серхио Бускетс половина живот го помина во Барселона. Тој е член на првиот тим од 2008 година и беше незаменлив дел од генерацијата која освои се што можеше.
https://youtu.be/0-lYbMb2OrU
За каталонскиот гигант одигра вкупно 663 натпревари и постигна 16 гола.



