SportM
Фудбал

„Замислете, сакам да се омажам за вас, но ми требаат две недели да најдам подобар партнер“

Д М28 мај 2021
„Замислете, сакам да се омажам за вас, но ми требаат две недели да најдам подобар партнер“

Роналд Куман засега останува тренер на Барселона.

Ова беше потврдено по состанокот со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а неговиот агент Роб Јансен беше пресреќен откако разговараше со првиот човек на клубот.

“Имаше позитивна атмосфера за време на состанокот и јас сум многу задоволен. Огромна почит завладеа меѓу клубот и Куман”, ја започна Јансен приказната за Телеграф и продолжи:

“Чувството е толку добро што лесно може да се случи Роналд да остане во Барселона подолго од договорот што го има (2022). Не стигнавме толку далеку во преговорите и закажана е нова средба”, изјави агентот на тренерот на Барселона.

Сепак, агенцијата Васерман денес објави навистина неверојатна порака упатена до Барселона.

Лапорта имаше јасен став на состанокот и го замоли Куман да почека две недели клубот да се обиде да најде друго решение на тренерската позиција.

На управата на холандскиот стручњак тоа не му се допадна и тие испратија жестока порака на Твитер.

“Замислете: Сакам да се омажам за вас, но се сомневам и барам две недели да најдам подобар партнер. Ако не ја најдам вистинската личност, тогаш ќе се венчаме”.

Роналд Куман синоќа беше и во болница. Лапорта изјавил дека се должи на стрес и вознемиреност, се покажало дека станува збор за обичен преглед што Холанѓанецот го прави на секои три месеци, бидејќи претходно имал операција на срцето.

Во Барселона сигурно ќе биде бурно во наредните денови и на крајот ќе видиме што ќе се случи со Куман.

Неговото отпуштање би го чинело каталонскиот тим осум милиони евра. Исплатата на надоместокот е проблем за клубот, кој е во финансиски проблеми, а Лапорта се обидува на секој начин да го избегне тоа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.