Заниоло демантираше дека се обложувал на фудбалски натпревари: „Играв покер и блек џек“
Д М28 окт 2023

Фудбалерот на Астон Вила и поранешен играч на Рома и Галатасарај, Николо Заниоло денеска се појави на суд во Италија и го повтори она што веќе го кажа – дека не се обложувал на фудбалски натпревари.
Скандалот околу нелегалното обложување ја тресе Италија, веќе се суспендирани Сандро Тонали и Николо Фаџоли кои го признаа гревот, но со Заниолo се е поинаку.
„Се обложувам, играв покер и блек џек, но никогаш не сум се обложил на фудбал“, наводно рекол италијанскиот репрезентативец.
Неговите адвокати се оптимисти:
„Се надеваме дека сето ова брзо ќе помине и дека вистината ќе излезе на виделина“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



