Започнаа преговорите за трансфер на Санчо

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо игра фантастично во дресот на Борусија Дортмунд.
Овој 19-годишник привлече големо внимание со настапи во редовите на германскиот гигант, при што очекуваниот најголем интерес доаѓа од неговата родна земја.
Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул сите се споменуваат како потенцијални дестинации за Санчо, а како што тврди „Франс Фудбал“, Челзи е првиот тим што започна да преговара за трансфер на талентиран офанзивен фудбалер.
Челзи едвај чекаат да го ангажираат Санчо. Тие се подготвени да платат над 100 милиони евра колку што бара Борусија за неговите услуги и не е ни чудо ако Санчо игра на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, сигурно е дека Манчестер Јунајтед нема да се откаже лесно. Црвените ѓаволи веќе подолго време го следат овој фудбалер и извесно е дека ќе имаме интересен летен рок кога станува збор за овој млад фудбалер.
Санчо е навистина прекрасен оваа сезона и на 30 настапи има 16 голови и 17 асистенции.



