Заслужено: Роберт Левандовски најдобриот играч на светот!
Д М17 дек 2020

ФИФА вечерва во Цирих одржа церемонија на доделување на наградата за најдобар фудбалер на светот за 2020 година.
Минатата недела беше објавено дека кандидати за освојување на оваа награда се Роберт Левандовски, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Најдобрите во светот ги избраа селектори и капитени на репрезентации од целиот свет, но и новинари.
На крајот, наградата заслужено му припадна на Роберт Левандовски, кој има година да памети.
Полјакот освои се што можеше да се освои со Баерн и да доминира на сите полиња.
Левандовски минатата сезона постигна дури 55 погодоци во сите натпреварувања, но игра и фантастично затоа што веќе постигна 15 гола и му оди многу подобро од Роналдо и Меси.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



