SportM
Фудбал

Заврши сагата околу Усман Дембеле

Д М31 јан 2022
Заврши сагата околу Усман Дембеле

Сагата за Усман Дембеле и неговото заминување од Барселона се чини дека вечерва е завршена.

Иако 24-годишниот крилен напаѓач со денови се поврзува со бројни клубови, од неговото заминување нема да има ништо.

Дембеле ќе остане во Барселона до крајот на договорот во јуни, а потоа ќе го напушти клубот како слободен играч.

Неговото останување нема да влијае на потписот на Пјер-Емерик Обамејанг. Барселона ќе може да го регистрира и Габонецот поради неговата согласност за намалување на платата.

Дембеле денеска се поврзуваше со ПСЖ, Челзи и Тотенхем, но на крајот нема да има ништо од заминување од редовите на каталонскиот клуб бидејќи Дембеле ги отфрли сите опции за заминување.

Ќе видиме дали тренерот Чави Ернандез ќе смета на неговите услуги до крајот на сезоната во која одигра 11 натпревари со еден постигнат гол.

Вкупно, Французинот одигра 129 натпревари за Барса и постигна 31 гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.