SportM
Фудбал

Заврши уште една трансфер сага: Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Д М28 авг 2022
Заврши уште една трансфер сага: Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Бразилскиот фудбалер Антони очигледно ќе потпише за Манчестер Јунајтед.

Веќе неколку недели владее вистинска сага околу фудбалерот на Ајакс, кој на секој начин се обидува да го напушти клубот од Амстердам, но тие упорно ги одбиваа понудите на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се обидоа се да завршат на почетокот на август, но Ајакс неочекувано ги одби понудите од „Олд Трафорд“ за овој Бразилец и рекоа дека не е на продажба.

Тоа го налути и Антони, кој пред неколку дена јавно проговори како сака да го напушти Ајакс, а на почетокот на годината им порача на челниците на клубот дека ќе го напушти клубот затоа што сака да направи чекор напред во кариерата. .

Остануваат само уште неколку дена до крајот на преодниот рок, а се чини дека сагата на Антони конечно ќе се разреши и ќе му се оствари желбата.

„Скај Спортс“ денеска објави дека Јунајтед и Ајакс вчера ги продолжиле преговорите и дека се многу блиску до договор и дека како што стојат работите, Бразилецот речиси сигурно ќе потпише за „црвените ѓаволи“.

Ајакс ќе заработи огромни пари од продажбата на Антони бидејќи се шпекулира дека овој трансфер ќе го чини Манчестер Јунајтед дури 100 милиони евра.

Се очекува Антони утре да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, по што ќе биде официјализиран неговиот трансфер, а со Јунајтед треба да потпише петгодишен договор.

Ова е втор договор што Јунајтед и Ајакс ќе го склучат летово бидејќи неодамна во англискиот клуб пристигна Лисандро Мартинез. Само од продажбата на овие двајца играчи Ајакс ќе заработи неверојатни 160 милиони евра.

Јунајтед летово донесе тренер и од Ајакс, бидејќи е познато дека Ерик тен Хаг пристигна на Олд Трафорд по заминувањето од клубот од Амстердам на крајот на минатата сезона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.