Connect with us

Фудбал

Зборовите на Чави ќе му се допаднат на Дембеле

Барселона и Бенфика синоќа одиграа натпревар без голови, па прашањето за патниците во осминафиналето ќе се решава во последното 6.коло.

Барселона моментално е втора со два бода повеќе од Бенфика, но има многу потешка задача во последното коло бидејќи на гости игра против Баерн, додека Бенфика на домашен терен го пречекува Динамо Киев.

Синоќешниот меч можеше да биде решавачки за Барселона, а последните 25 минути за шпанскиот тим ги одигра Усман Дембеле, кој се мачи со повреди.

Неговата игра и важност за тимот ја прокоментира и новиот тренер на Барселона Чави Ернандез.

“Разговарав со него и тој е многу среќен овде. Синоќа ризикуваше бидејќи не беше целосно подготвен. Беше во опасност, можеше да се опорави од повредата. Можете и вие да разговарате со него и да го прашате дали е среќен“, рече Чави, па додаде:

„Ќе видиме дали ќе го продолжи договорот. За мене тој е фундаментален играч. Ако е на теренот, прави разлика и создава многу шанси“, додаде Чави.

Реклама

Facebook

Реклама