Жардим: Секогаш правев се што е во моја моќ за доброто на Монако
Д М11 окт 2018

Португалскиот експерт Леонардо Жардим даде свое видување за денешниот отказ од раководството на Монако.
– Благодарен сум и горд што можев да го тренирам Монако изминатите четири години. Јас секогаш правев се што можев и работев со ентузијазам. Заедно освоивме големи победи, овие спомени ќе останат со мене засекогаш, изјави Жардим.
Сега веќе поранешниот тренер на тимот од Кнежеството му посака среќа на Монако во продолжение на сезоната која на почна најдобро под негово водство.
Монако по девет рунди се наоѓа на 18.место во Лига 1 со само шест освоени од можните 27 бода.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



