SportM
Фудбал

Жестока трка помеѓу Реал и Барса за Лаутаро

Д М14 фев 2020
Жестока трка помеѓу Реал и Барса за Лаутаро

Напаѓачот на Интер стана мета на најголемите европски клубови откако блескаше со Интер оваа сезона.

Реал Мадрид и Барселона се во тешка трка за играчот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Веста ја објави „TyC Sports“.

Аргентинскиот напаѓач блесна во дресот на Интер и ги натера големите европски клубови фокусот да го насочат кон него.

„Лос Бланкос“, наводно, е подготвен да ја плати клаузулата за раскинување на договорот на играчот, кој е поставен на 110 милиони евра од Интер.

Во меѓувреме, актуелниот шпански шампион е исто така заинтересиран да го пренесе Аргентинецот, кого го смета за идеален наследник на Луис Суарез.

Значи, во текот на летото се очекува голема борба меѓу двата најголеми шпански клуба за Лаутаро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.