SportM
Фудбал

Жирона блеска, но нема да може да игра во ЛШ?!

Д М22 дек 2023
Жирона блеска, но нема да може да игра во ЛШ?!

Фудбалскиот клуб Жирона е хит на сезоната во Европа. Овој тим игра одличен фудбал и по 18 одиграни кола во шпанската Ла Лига го дели првото место на табелата со Реал Мадрид. Двата тима освоија по 45 поени.

Се чини дека Жирона би можела да го задржи овој ритам и во продолжението од првенството, со што логично би ја оставил на врвот на табелата и би ја однел во Лигата на шампионите.

Сепак, како што сега стојат работите, овој тим нема да може да игра во елитното натпреварување дури и да го добие на теренот.

Причината е што сопственикот на Жирона е и прв човек на Манчестер Сити, поточно Жирона е филијала на актуелниот европски шампион, а според правилата на УЕФА, два клуба со ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување.

Затоа, доколку се остане вака, Жирона не би играла во Лигата на шампионите, туку во Лига Европа, дури и да заврши меѓу четирите најдобри екипи.

Сепак, треба да се очекува дека луѓето од Жирона и Сити ќе најдат некаков модел за да го избегнат ова сценарио, а пример би можеле да бидат Лајпциг и Салцбург.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.