SportM
Фудбал

Жиру оди во Италија кај поранешниот тренер?

Д М14 ное 2019
Жиру оди во Италија кај поранешниот тренер?

Деновите на Оливие Жиру се одброени во Челзи.

Францускиот фудбалер не беше во плановите на Челзи во последните неколку месеци, а бидејќи е незадоволен од неговиот статус, ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ со взаемна желба во текот на зимата.

Во Челзи, се свесни дека Жиру има 33 години и дека јануари е последната шанса да заработат што повеќе пари, а веќе се шпекулира за тоа која ќе биде следната дестинација во неговата кариера.

Откако ги спомена Лион и Кристал Палас, „Газета дело Спорт“ го наведува Интер како можна дестинација, бидејќи Антонио Конте многу добро го познава Жиру.

Медиумите соопштија дека Жиру  би бил среќен да му се придружи на Интер, а олеснување за италијаните е цифрата од 5 милиони за негов трансфер.

Пред да дојде во Челзи, Жиру играше за Арсенал, Монпелје, Турс…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.