SportM
Фудбал

Жиру позитивен на коронавирус

Д М2 сеп 2021
Жиру позитивен на коронавирус

Францускиот напаѓач Оливие Жиру нема среќа.

Имено, францускиот фудбалер беше позитивен на коронавирус на повторениот тест, а претходно беше изоставен од списокот на Триколорите за квалификациските натпревари.

Жиру сега ќе биде ставен во карантин десет дена, што значи дека најверојатно ќе го пропушти следниот натпревар на „росонерите“ во Серија А, но од миланскиот клуб се надеваат дека ќе биде подготвен за првото коло во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Милан ќе игра против Ливерпул во првото коло на 15 септември на „Енфилд“.

Жиру одлично се снајде во новата средина и беше двоен стрелец на дуелот против Каљари, па од миланскиот клуб се надеваат дека Французинот што поскоро ќе го заземе своето место на врвот на нападот.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.