Жиру заминува во јануари?
Д М3 дек 2019

Францускиот напаѓач го подготви куферот и се очекува да го напушти Челзи во јануарскиот трасфер период.
Оливие Жиру се чини дека ги одбројува деновите во Челзи.
Францускиот напаѓач се очекува да го напушти Лондон за време на јануарскиот преоден рок, пренесува британскиот весник „Дејли Меил“.
Поранешниот фудбалер на Арсенал заврши на клупата во тимот на Франк Лампард.
33-годишниот играч бара нов клуб за втората половина од сезоната.
Се шпекулира дека интересот за францускиот репрезентативец го покажа Интер.
Жиру го чинеше Челзи околу 20 милиони евра кога го купи пред скоро две години.
Досега тој постигна 19 голови за тимот од „Стемфорд Бриџ“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



