SportM
Фудбал

Жоао Кансело го продолжи договорот со Манчестер Сити

Д М1 фев 2022
Жоао Кансело го продолжи договорот со Манчестер Сити

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Манчестер Сити.

Кансело дојде во Сити летото 2019 година од Јувентус за 65 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на предводникот на англискиот клуб.

27-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната одигра 30 натпревари во сите натпреварувања, а успеа да постигне три гола и да забележи осум асистенции.

Кансело воодушеви од своите игри како десен бек, а челниците на Манчестер Сити решија да го наградат за одличните игри.

Имено, Кансело денеска го продолжи договорот со Сити, и потпиша договор за соработка до летото 2027 година. Преговорите за нов договор започнаа кон крајот на декември, а вчера беа успешно завршени.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.