Жоргињо сака да остане, Челзи мисли поинаку

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоргињо, призна дека приоритет му е да остане во Лондон, но договор со клубот не е ни блиску.
Италијанецот јавно потврди дека намерата му е да потпише нов договор, иако актуелниот му истекува на 30 јуни.
„Секако дека сакам да останам, бидејќи го сакам Челзи. Но, во моментов не размислувам за тоа. Сега сум фокусиран на победа и тоа е единственото нешто што е важно, бидејќи ја продолжуваме сезоната и се бориме за трофеи“, изјави Жоргињо.
По оваа изјава се огласија сигурни извори кои велат дека во Челзи се поделени мислењата за неговиот престој, исто како и со Нгол Канте.
Французинот исто така е во последната година од договорот, но поради честите повреди Челзи не размислува да му понуди нов договор.
Канте гледа во Барселона, а Жоргињо засега не гледа во други клубови…



