Connect with us

Фудбал

Жозе Мурињо плачеше синоќа како мало дете, објасни зошто (ВИДЕО)

Рома синоќа се пласираше во финалето на Конференциската лига, а ривал во Албанија ќе и биде Феенорд.

Рома го победи Лестер со 1-0 и со тоа се пласираше во финалето со вкупен резултат 2-1. Херој беше Тами Абрахам, кој погоди со глава на центаршутот на Лоренцо Пелегрини од корнер.

За Римјаните ова е прво финале на едно европско натпреварување по 31 година, а Мурињо доби можност да освои уште еден европски трофеј по освојувањето на Лигата на шампионите со Порто и Интер, и Европската лига со Манчестер Јунајтед и Купот на УЕФА со Порто. Единствениот европски трофеј освоен од Римјаните во 1961 година беше Купот на фер градови.

 

По победата во финалето со Рома, Мурињо беше во солзи.

 

„Ова е гигантски клуб без просторија за трофеи во однос на социјалната димензија на клубот. Значи, ова не е трофеј, тоа е само финале, но им значи многу“, рече Мурињо.

 

„Секако дека сум имал поголеми моменти од ова, но не се чувствувам само за себе, го имам тоа чувство за луѓето и моите играчи. Ова е нашата Лига на шампиони за нас“.

 

Мурињо, кој ја презеде Рома во мај минатата година, беше во солзи додека го гушкаше стручниот штаб.

 

„Пролеав солза бидејќи мојата емоција беше за сите што го сакаат овој клуб“, изјави Мурињо, кој сега стигна до пет европски финалиња со четири различни клубови.

 

„Имав среќа да одиграм попрестижно финале од ова. Но, што се однесува до начинот на кој ја создадовме семејната атмосфера овде, се чувствувам посебно“, додаде Хозе.

 

Неговата Рома сега ќе ги одмери силите во Фиренца против Фиорентина, иако до крајот на сезоната Волчицата ќе има цел исклучиво да го освои трофејот во новоформираното натпреварување на УЕФА.

 

Реклама

Facebook