Жозе некогаш го гушкаше и го обожаваше Де Хеа, а сега е сосема друга приказна

Португалскиот тренер посочува дека Шпанецот имал „среќа“ кога потпиша нов и профитабилен договор минатата година.
Де Хеа не е во најдобра форма во последно време, а вчера во полуфиналето на ФА Купот против Челзи тој прими три гола во поразот од 3:1 на Манчестер Јунајтед, додека медиумите во Англија се повеќе пишуваат за тоа како Шпанецот ќе биде заменет со Хендерсон.
Менаџерот на Тотенхем, кој работеше со Де Хеа во Манчестер, е последниот во низата луѓе што го критикуваше поранешниот голман на Атлетико Мадрид.
„Давид имаше среќа да потпише нов договор со Манчестер минатата година, но повторно, мислам дека тој е сè уште добар голман“, рече Мурињо.
Неодамна, Де Хеа прими два гола во ремито 2-2 со Саутемптон на „Олд Трафорд“, но навивачите ќе заборават на сето тоа, доколку неговиот тим на крајот освои место во Лигата на шампионите.



