Зидан доби одлични вести пред полуфиналето во Лигата на шампионите

Реал Мадрид во вторник го игра првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи.
Пред овој дуел, Кралевите добија одлични вести. За разлика од дуелот со Ливерпул во претходната рунда, сега на располагање се Дани Карвахал, Рафаел Варан и Еден Азар.
Тони Крос исто така се враќа во тимот по кратка пауза, но Зинедин Зидан сепак нема да може да смета на услугите на Серхио Рамос.
Реал направи две грешки во шампионатот. Прво ремизираа на гостувањето кај Гетафе, а потоа на домашен терен против Бетис и направија два големи чекори назад во борбата за титулата. Сепак, сè е отворено во шампионатот, па Реал, Барселона, Атлетико и Севилја ќе водат голема борба за титулата до крајот на шампионатот.
Од друга страна, Реал ќе бара шанса за трофеј оваа сезона преку ЛШ. Особено е среќен Варан, но и Азар, иако Белгиецот е далеку од неговата вистинска форма, можеби против поранешниот клуб ќе го игра натпреварот на сезоната и еден од најдобрите во Реал Мадрид.
Натпреварот помеѓу Реал и Челзи е закажан за во вторник од 21 часот, а во среда се игра вториот полуфинален дуел помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ.
Да потсетиме, бранителот на титулата во Лигата на шампионите од минатата сезона, Баерн Минхен загуби од ПСЖ во четвртфиналето, па на последниот натпревар во Истанбул ќе го крунисаме новиот клупски европски шампион за сезоната 2020/2021.



