Зидан е подготвен да се врати

Французинот следното лето може да се врати на тренерската професија, може да го преземе ПСЖ.
Зинедин Зидан е подготвен да се врати на работа што го прави да се чуствува најдобро.
Францускиот тренер би можел да го преземе Пари Сен Жермен следното лето.
Се очекува парижаните на крајот од ова издание да се разделат со тренерот Маурисио Покетино.
А, „Зизу“ е подготвен да ги води гигантите од Франција.
Ова го пренесува медиумот „ОКДиарио“.
Клубот од „Паркот на принцовите“ е решен да ја освои Лигата на шампионите.
А, арапските шеици веруваат дека ова би можеле полесно да го направат со Зидан на чело.
Како што е познато, со Реал Мадрид три пати по ред ја освојуваше шампионската титула.
Зидан во меѓувреме би го преселил и Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Париз.



