Зидан ја оштети вратата од соблекувалната во Лајпциг на Светското првенство 2006 година, а таа сè уште не е заменета

Зинедин Зидан беше главната тема во јавноста на Светското првенство 2006 година откако имаше инцидент на последниот натпревар што ја обележа неговата кариера.
Франција тогаш успеа да се пласира во финалето на Светското првенство, каде играше против Италија, а овој натпревар се прераскажува денес.
Натпреварот помина во продолженија бидејќи резултатот беше 1-1, а потоа Зидан доби директен црвен картон откако со глава го удри Матераци во градите. Овој момент влезе во легенда, особено затоа што тоа беше последниот натпревар во кариерата на Зидан.
По финалето во Берлин, Зидан реши да ја заврши својата играчка кариера на многу тажен начин, бидејќи Французите на крајот останаа без титулата светски првак откако Италија славеше по пенали.
Сепак, Светското првенство во Германија беше многу специфично што се однесува до Зидан, а инцидентот со Матераци не е единственото нешто што ќе го паметиме за неговиот настап на СП 2006 година.
Имено, во групната фаза, Франција, меѓу другите, играше против Јужна Кореја во Лајпциг, а овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Зидан беше многу лут што неговата репрезентација не успеа да освои три бода, а гневот го „истресе“ пред вратата од соблекувалната. Зидан ја шутна вратата и остави вдлабнатина и трага од копачките на неа.
Во тоа време се очекуваше дека сопствениците на Лајпциг ќе ја санираат оваа штета по Светското првенство, но тие не го сторија тоа. Одлучиле да ја задржат вратата во соблекувалната и на неа го врамија тој детаљ со златна рамка.
Вратата е сè уште на влезот во соблекувалната, а под оваа рамка стои „Сеќавања на З.“
Lors de la CDM 2006, la France fait 1-1 face à la Corée à Leipzig
En colère après ce résultat, Zidane frappe la porte du vestiaire
Depuis, Leipzig n'a pas réparé la porte mais a mis un cadre doré autour de l'emplacement de cette frappe pour garder ce souvenir 😄
📷@RBLeipzig_Fr pic.twitter.com/KPQ0UQeD0Y— Le Meilleur du Football (@LMDFoot_) June 10, 2021
Зидан слушнал за оваа приказна пред неколку години и не можеше ниту да поверува дека направиле такво нешто во Лајпциг, но тој не го криеше своето воодушевување што неговата трага сè уште е дел од стадионот во Лајпциг.
И тоа беше показател колку Зидан сакаше да стане светски шампион со Триколорите во неговата последна професионална сезона, но за жал за него, на крајот не успеа да го постигне тоа.



