Зидан јасно стави до знаење што мисли за Лука Модриќ

Вчера, Реал Мадрид како гостин во мало градско дерби беше поубедлив кај Хетафе (0:3).
Варан погоди со глава во 35-та и 53-та минута, а точка на натпреварот стави репрезентативецот на Хрватска, Лука Модриќ, кој погоди во судиското насополнување и го постави конечниот резултат.
Контранападот на Фредерико Валверде го следеше Хрватот, а Уругваецот несебично му додаде на него иако тој самиот можеше да се справи со акцијата, што го направи тренерот на „Кралевите“ крајно горд.
„Модриќ е многу важен играч за нашиот тим и секогаш ќе биде. Лука Модриќ е Лука Модриќ. Среќен сум за неговиот гол и големата соработка со Валверде. Ова значи дека ментално сите сме таму каде што треба да бидеме”, рече Зидан, кој не е ја пропушти можноста да го пофали Куртоа, кој во неколку наврати интервенираше феноменално.
„Можевме да капитулираме неколку пати во игра, но Куртоа беше таму за нас и излеговме со третиот натпревар во низа без постигнат гол. Ние бевме тим кога тоа беше важно и ако продолжиме на тој начин ќе имаме причина за славење кон крајот на годината”.



