Зидан моментално го привлекува само една работа: „Се надевам…“

Легендарниот Зинедин Зидан (50) уште еднаш потврди дека негова единствена желба во тренерската кариера е да ја води француската репрезентација.
Зидан е главниот кандидат на француската јавност да седне на клупата на Триколорите наместо Дидие Дешам по Светското првенство во Катар годинава.
Поради работата на селекторот на Франција, Зидан ги одбил сите понуди на клубовите кои ги имал.
“Сакам да станам селектор на француската репрезентација. Се надевам дека ќе станам таков еден ден. Тоа би го затворило кругот на целата моја кариера”, изјави Зидан за L’Equipe.
View this post on Instagram
Многу се зборуваше за тоа Зидан да стане нов тренер на ПСЖ. На крајот не беше постигнат договор, но легендарниот фудбалер не му ја затвора вратата на францускиот шампион.
„Никогаш не вели никогаш. Како менаџер немаш избор од 50 клубови каде можеш да одиш. Има само две или три опции. Како играч имав многу повеќе опции“, истакна Зидан.
Да потсетиме, Зинедин Зидан го водеше Реал Мадрид во два наврати од јануари 2016 до мај 2021 година и со овој клуб освои апсолутно се што можеше.



