SportM
Фудбал

Зидан наскоро би можел да биде селектор на Франција, но сите се плашат од тоа

Д М6 мар 2021
Зидан наскоро би можел да биде селектор на Франција, но сите се плашат од тоа

Зинедин Зидан неодамна призна дека има желба еден ден да ја предводи репрезентацијата на Франција.

Зидан пред неколку години го презеде тренерскиот штаб на Реал Мадрид, со кого оствари неверојатен успех затоа што успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите три години по ред.

Сепак, многумина веруваат дека францускиот стручњак нема да остане на „Сантијаго Бернабеу“ долго време, бидејќи Реал Мадрид не бележи најдобри резултати оваа сезона.

Неодамна Зидан призна дека единствена желба му е да биде селектор на Франција во иднина, а многумина веруваат дека тоа сигурно ќе се случи.

Дидие Дешамп направи одличен резултат со „Триколорите“ и ги однесе на врвот на светот, но имаше шпекулации дека тој може да ја напушти селекторската позиција по Европското првенство оваа година.

Француските медиуми пишуваат дека Зидан е фаворит, но тие испратија предупредување до челниците на Федерацијата затоа што веруваат дека знаат што ќе стори кога ќе стане селектор. Многу медиуми во Франција објавија дека во тој случај Зидан сигурно ќе го врати во тимот Карим Бензема, со кого има одлични односи во Реал.

Бензема со години не игра за репрезентацијата на Франција поради скандалот и уцените на неговите соиграчи, но со враќањето на Зидан се чини дека може да му се отвори вратата за повторно да го облече дресот на оваа селекција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.