Зидан: Ние сме на врвот на табелата, но тоа не е важно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека и покрај тоа што се на врвот на табелата, вели дека позицијата на табелата не е важна.
Според него, она што е важно е вербата во она што го прават.
„Ние сме лидери, но тоа не е важно. Важно е да се продолжи по овој пат. Мора да веруваме во она што го правиме. Имаме комплицирани моменти“, рече тој.
На крајот Зидан беше прашан како имал храброст да ги вметне играчите кои обично се резерви. Францускиот техничар рече дека не станува збор за храброст, туку дека верува во сите свои играчи.
„Верувам во сите 25 играчи. Не мора да бидам храбар. Јас им верувам на сите “, рече тој.
Реал вчера ја совлада Осасуна со 2:0, освојувајќи уште три бода.
Реал Мадрид е на врвот со 14 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид, клуб со кој ќе се соочат в сабота.



