SportM
Фудбал

Зидан предизвика бес кај навивачите на Реал Мадрид поради Герет Бејл

Д М23 ное 2019
Зидан предизвика бес кај навивачите на Реал Мадрид поради Герет Бејл

Фудбалерите на Реал Мадрид играат пред своите навивачи вечерва против Реал Сосиедад во 14-то коло од шпанската Ла Лига.

Кралевите ќе бидат домаќини на Сосиедад, која игра навистина добро оваа сезона. Сосиедад е на петтото место на табелата со 23 бода и е само два бода зад Реал Мадрид кој е втор.

Пред овој натпревар, се зборуваше многу за Герет Бејл што предизвика навивачите да се лутат на неговото однесување, откако Велс се квалификува на ЕП. Тој славеше голем успех со соиграчите и се сликаше со знамето на кое пишува „Велс-голф-Мадрид, по тој редослед“.

Фановите на кралскиот клуб побараа од Зидан да го казни Бејл за ова, но тој не го стори тоа. За да се влошат работите, тој го вклучи Велшанецот на списокот за вечерашниот натпревар, а го отстрани Винисиус Јуниор, што предизвика лавина од критики на негова сметка.

Зидан ќе смета на Тибо Куртоа, Алфонс Ареола, Диего Алтубе, Дани Карвахал, Серхио Рамос, Рафаел Варане, Едер Милитао, Марсело, Ферланд Менди, Касемиро, Валверде, Тони Кроос, Лука Модриќ, Иско, Карим Бензема, Еден Азард, Лука Јовиќ, Родриго и Герет Бејл во вечерашниот натпревар против Сосиедад.

Винисиус беше „отпадна“ поради техничка одлука, а поради повреда нема да играат Хамес Родригез, Начо, Лукас Васкез и Марко Асенсио.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.